На златен конец ‘рѓа не се фаќа..

Постои една личност за која те врзува некоја необична сила, необјаслива. Што и да се случи, што и да ти приреди животот, секогаш кон неа те води.

Помислуваш дека Бог со златен конец те пришил за него, наредувајќи ти да ја сакаш и почитуваш како дел од себе. Тоа е личност пред која си емотивно гол, без лажен сјај, маски и перја.

Со неа молчиш а имаш чувство дека не си застанал од зборување, бидејќи со поглед се’ е кажано. Те гледа во очи а ти ја чита душата. Те турка кога запнуваш, ти дава ветер за напред…твојот божји дар.

И не е важно што носат годините и што животот ќе приреди…. на златниот конец ‘рѓа не се фаќа..

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: