Само не дозволувајте да ве уплашат, со било што. Оној кој во името на верата не’ плаши со Бог, најдалеку е од Него.
И ова утро стојам воодушевена пред луѓето кои во себе ги наоѓаат одговорите за своите немири. Со љубов го туркаат стравот а со вера го расчистуваат патот до вистината.
Многу има патишта а целта е една – да се живее во мир со себе и светот. До тоа не се стигнува со патување далеку, туку длабоко – до средиштето на сопственото битие.
Добар е овој ден, најдобар до сега.
Бранкица Дамјановиќ
Leave a Reply