Фјодор Достоевски – „Браќа Карамазови“ – Лага

Најважно е – да ја одбегнувате лагата, особено лагата кон самите себе. Внимавајте на својата лага и контролирајте ја секој час, секој момент. Одбегнувајте гадливост и кон себе и кон другите, тоа што ви се причинува гадливо внатре во себе, се чисти со самото тоа што сте го приметиле.

Исто така одбегнувајте страв, иако стравот е поврзан со секоја лага. Не плашете се никогаш од својата малодушност во освојувањето на љубовта, не плашете се дури ни од своите јалови постапки. Жалам што не можам да ви речам ништо утешно, оти активната љубов, споредена со онаа за која фантазирате, представува сурова и застрашувачка работа.

Љубовта за која се сонува ја чека брз подвиг, брзо задоволство и голема публика. Тука доаѓа до точката, човекот животот го дава, за таа љубов да не трае долго, да заврши што побргу, како на сцена, сите да гледаат и да прикажуваат. А активна љубов е работа, истрајност, а за некои и цела наука.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: