Сомнежот е невиноста на душата. Кој не се сомнева, не е невин, оти можно е да верува во нешто и од полза, а вербата од полза е грев. Сомнежот познава само една полза: вистината.
Освен тоа, вербата може да се одглуми, ама сомнежот-не. Љубовта ја создава вербата, вербата го раѓа сомнежот а сомнежот ја утврдува вербата. Оној кој никогаш не се сомнева, тој не верува вистински: тој само обожува. Верува во се’ што ќе му се каже.
Вербата без сомнеж е слепа блудница, оти може да ги менува објектите на вербата без причина, ред и правило. И без љубов,оти се верува само кога се сака она во што се верува.
Сомнежот и вербата се како вдишување и издишување. Не можеш да вдишуваш постојано, без да издишиш.
В.Андоновски – Вештица
Leave a Reply