Има некои дождови од солзи кои се тука да ви ја измијат душата. Пуштете ги нека паѓаат. Солзите се ОК. Ви олеснуваат. Ве подготвуваат за лет кон некои најубави сознанија.
Најмногу се учи од тагата. Тоа е состојба кога душата моли да пуштите сѐ што ви е непотребно, за да ја остварите својата величенственост. И затоа не чекај да дојде тој ден, ти создај поинаков ден. Запри го дождот, растерај ги облаците и направи свое сопствено сонце.
Престани да чекаш. Направи нешто од својот Живот. Биди творец на својата среќа. Не чекај среќата да дојде по тебе. Земи го животот самоуверено во свои раце. Живеј го животот. Живеј го денес! Живеј го сега ! Живеј во овој момент.
by Рита
Leave a Reply