Сонувајте ја желбата на срцето свое…

И ве молам вечерва пред да заспиете, додека правите план за утрешниот ден, дозволете си себе си и една желба на срцето свое, онака танана, фина, само ваша, без оглед што мисли светот.

Она што сега мене ме радува, го сонував и досонував. Сонувам и понатаму, се’ посмело. Сонувајте и вие. И разбудете се во својот сон.

Среќно нека ви биде се’. Посебно ви посакувам среќно за вас самите.

Бранкица Дамјановиќ

Leave a Reply

Up ↑

%d