Си одам..сега кога е завршено, без тешки зборови

Знаеш што е магија? Добра намера. Нежност. Несвесност која не се прикрива. Да се признае грешка и да се исправи. Извинување, подготвеност да се даде и да прифатиш. Истрајност во добрината. Подадена рака. Гушкање. Охрабрување. Времето кое си одлучил да го подариш на некој, слушајќи го. Едноставност. Блискост. Подготвеност нешто да се направи по прв пат.

Да знаеш кога да застанеш. Да го препознаеш моментот на заминување. Да гушнеш, кога е взаемно. Да пуштиш кога мора да се пушти. Да не држиш грчевито се’ што е познато и сигурно. Препушти се, опушти се, иако знаеш дека може потоа и да боли. Да останеш до крај кога на другиот си му потребен. Не бегај кога е тешко. Оди си, кога е завршено, без тешки зборови. Замолчи, ако така треба. Голтни ги зборовите кои ќе заболат.

Магијата се создава и кога танцуваш. Го слушаш сопствениот ритам, го пушташ низ рацете, нозете, главата и срцето. Се препушташ на музиката, знаејќи дека нема погрешен чекор. Секој ритам е вистински, ако излегува од срцето и оди низ телото.

Најголемата од сите магии се создава кога ќе престанеш да се лутиш што сме поинакви, ти и јас. Кога не докажуваш дека, да се биде поинаков е исто што и да се биде погрешен, туку пушташ прифаќањето на разликата на сите да им биде позната магија на слободата и убавината на животот.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: