Како да се биде појак од грижите и да се ужива во својот живот ?

Грижа- тоа не е само размислување, тоа е лично мрцварење или попрецизно убивање. Замислете го играчот кој влегува на терен во игра и размислува како ќе изгуби, а искуството веќе сто пати му покажало дека ги има сите предиспозиции за победа. Таквиот играч може да направи само едно- да го напушти теренот и со својата одлука да го повика поразот.

Грижата е војна против здравиот разум, бидејќи не’ уверува во нешто што веќе сме го вкусиле и знаеме дека се мали шансите тоа да се случи, но, сепак ние тоа сценарио го превртуваме по својата глава, бидејќи не му веруваме на својот разум.

Грижата е војна против своите чувства, бидејќи во неа го будиме она најлошто во себе и дозволуваме тоа пополека да не’ уништува, а истовремено со тоа ги уништуваме и своите најмили, најсвети, кои наместо да го добијат од нас најдоброто, го добиваат најлошото.

Грижата е војна против својата иднина, бидејќи се’ она што во неа сакаме да бидеме, да имаме и да доживееме, на самиот старт ја прекинуваме како можност, поради грижата. Таа е ланец со која прво ги врзуваме а потоа ги дробиме убавите прилики и веруваме дека од нив ништо не може и ништо нема да биде.

Грижата е војна против својата слобода, бидејќи наместо да уживаме во животот донесувајќи одлука слушајќи го срцето, носиме одлуки врз основа на она што ни зборуваат нашите стравови. Потребно е еднаш да се надмине грижата, да се покажеме дека силата која ја имаме во себе, не е својот живот да го упропастиме, туку да го искористиме до максимум.

Затоа единствено против кој треба да војуваме е грижата, со верба за подобра иднина. Секој ден свесно и слободно да избереме позитивни мисли и со нив да го одржуваме својот ентузијазам и енергија. Да се биде појак од грижите и да се ужива во својот живот.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: