Научете да се почитувате себе си и не се плашете да бидете поинакви од другите

Научете да се почитувате себе си, не занемарувајќи го фактот, како луѓето кон вас се однесуваат. Ако ве почитуваат, ќе знаат дека се луѓе, кои треба да останат во вашиот живот, но, ако треба да ги замените, побарајте некои подобри искуства, во близина на некои други луѓе.

Научете да се почитувате самите себе, така што нема да им давате оправдање на оние кои имаат лош ден и поради тоа мораат и вашиот да го уништат. Тоа се слаби луѓе, кои не умеат да му дозволат на другиот да биде добро, кога нив им е лошо.

Научете затоа, да се почитувате самите себе, така што нема да се плашите да бидете поинакви од другите. Кој ви кажа дека морате да бидете исти? По што, тоа ќе донесе некоја додатна вредност во вашиот живот? Единствено сигурно, е патот кон внатрешното чувство на незадоволство.

Научете да се почитувате себе си, така што ќе почнете повеќе да размислувате за смислата на вашиот живот, да сфатите дека не сте само случаен минувач, да се прашате што е она што само вие можете да го направите, кој оган така силно гори во вашето срце, кога размислувате за своите цели и да сфатите дека никој таму не може да ве одонесе, освен вие самите.

Научете да се почитувате себе си, не спуштајќи ја цената на своите способности, со тоа што ќе се давате без врска на другите, за на крај да сфатите дека сте искористени и излажани.

Научете да го препознаете својот глас, пред да истече вашето време, бидејќи само она што ќе направите, ќе го одреди текот на вашата иднина. Еднаш во приквечерината на животот, ќе уживате во плодовите на својот труд, а најголемата благодарност можете да им ја дадете на оние кои ве потсетија колку вредите.

Ако нешто добиете лесно, тоа не го почитувате доволно. Се’ она што сте добиле преку страдање и болка, ви покажало колку е вредно, тоа што го имате и тоа што сте.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: