Ти успеа да ме скршиш

Е навистина успеа… Ти успеа да ме скршиш.. Секој твој збор, навреда и посочување, за што, јас дадов се’ за да укажам, да докажам дека не е така, ме скрши. Докажувањето низа овие месеци, ма колку беа тешки и убави истовремено, беа само укажување дека сепак постои нешто што е убаво.

Да, тоа нешто убаво постои, но ти не го прифаќаш. Не прифаќаш, ама баш ништо што може да го води и грее твоето срце. Тешки како луѓе, но лесно прифатливи за топлина. Топлина која е непрепознатлива и само е едниот предаден на тие чувства, додека другиот на груб начин ги одбива.

Не е се’ во сам и својата самотија. Споени во такво време, а само ние двајца знаеме какво е и зошто, неприфатени од другите, го правиме она, што за нив е забрането, а за нас наместо убаво- пеколно.

Велиш љубов, велиш душа- не ти тоа не сакаш ни да го признаеш, ниту пак прифатиш. Нискост…зборови, кои само нив ги знаеш, само нив ги препознаваш и го насочуваш кон оној што душата, телото и срцето ти ги подарил. Ти не знаеш и не умееш да живееш со фактот дека постои некој што те сака и наспроти тоа, ја обвинуваш и газиш за нешта кои други, ти го направиле срцето камен.

За секој твој неуспех се покриваш со лошите навреди, верувај, огромни се навреди за оној што те сака, и постепено низ времето ја дотолчуваш. Зошто? Без потреба се’ водиш до ништовност, каде ем себе ем нејзе ја дотолчуваш до забецот наречен крај на и она малку што останало, во вербата дека постои светлина.

Светлината која згаснува може единствено да опстои ако и двајцата веруваат во богатството што љубовта носи. Беспрекорна, забранета љубов, но љубов која може да го осветли и така за сега нашиот темен пат, и да покаже жар кој може да ги разгори и онака нашите повредени срца. А неверувањето во истото, е само огромна солза и капка во нашето болно срце.

Ти успеа…капката протече, срцето пак почна да плаче по она малку што верував дека се променило. Со малку дадена надеж, дека постои топлина. Со и она малку дадена надеж дека полека се издигнуваме, наспрам тешкотијата во која и двајцата тонеме.

Да разочарана, стегната со огромна болка, скршена целосно, продолжувам, но каде.. Без да го увидиш тој моментум на нискост во кој силно ме потисна и тој моментум дека безпотребно беше се’, нема иднина за нас.

Велиш добро ми мислиш, дека ништо нема да ја згасне нашата љубов….која љубов кога и ти самиот не веруваш во неа. Зарем потиснувањето кое мислиш дека е правилно, не ја носи твојата несреќа се’ подолу и подолу.

Време е да сфатиш дека односот кој го градиш и мислиш дека со твојот став на уништување на оној што те сака, ќе ти го даде правиот пат..многу ќе се излажеш. Наместо да го земеш во твоите прегратки, наместо да дозволиш и твоето срце да биде стоплено, ти само ја кршиш и така нејзината кревка душа која поради тебе и оживеа.

Наместо да се бориш со неа, да успееш во целите кои си ги посочил, да се бориш со сите кои што те погазија и навреди ја, ја навредуваш и кршиш личноста која би ти го вратила сјајот на верување дека и доброто постои.

Но, ти упорно и упорно твојата немоќ и неверување, го препишуваш само на неа со што го кршиш нејзиното постоење во твојот живот. Немоќта да се собират сили за докажување на спротивното, го гази она што ти го нарекуваш љубов. А таа предадена целосно, се крши во себе полека, полека И, ја скрши целосно. .

Tasha

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: