Приказна за сродните души

Тој е мојот Soulmate. Дел е од мојата душа.

Средбата со него ми донесе радост, мир и хармонија во секое делче од мојата душа. Имам впечаток дека отсекогаш се знаеме, дека отсекогаш бевме исти делови од една Душа, кои во еден момент се разделија и ние двајцата поради тоа страдавме.

Препознавањето не се случи веднаш. Не беше заемно. Тој ме препозна..Јас него не. Ја препозна мојата насмевка и сјајот во очите. И за него тоа беше љубов на прв поглед..

На некој чуден начин сме поврзани и низ животот, се среќававме некако случајно, на чудни места. Не почувствував ништо кон него во првиот момент и затоа тој мораше да ме остави да пораснам во секоја смисла. И беше во право. Му останав должна.

Тој беше човекот кој длабоко го почитував поради сите особини кои ги имам денес јас. Ме научи да бидам јака, храбра на свој начин. Ја чувствуваше мојата волја. А јас, со тежина одев по неговите чекори.

Годините поминуваа, ние двајца живеевме на две различни страни, во две различни димензии. Јас во меѓувреме пораснав и го надминав својот soulmate. Тргнав понатаму. Без него.

Остана само бледа слика, на дечкото што ме препозна. Сличен на стотина други, но посебен. Со најубава насмевка во ноќта. Мојот мал Принц.

И еден ден, по многу години, ние повторно се сретнавме. Тој имаше живот. Јас имав живот. И некој покрај себе. И немаше место за него. Сета љубов која ја чувствував во тој момент- исчезна. Се случи, вистинската љубов кога повторно го сретнав.

И сфатив дека го љубам.

Ми пријде и рече дека ми се восхитува. Дека сум јас жената на неговиот живот. И се кае што немал храброст да ме побара порано. Се кае што чекал. Ни самиот не знае зошто. Разговаравме долго. Ме познаваше како никој до тогаш. Ми даваше крила. Не можев да поверувам колку добро ме познава. Секое делче од мојата душа. Но, беше премногу доцна. Секој имаше свој живот, во својата димензија.

….Но, понекогаш го сонував својот soulmate и знаев дека е тажен. И јас исто. Поминаа повторно години и јас излегов од својата ‘приказна’. Децата пораснаа и имаа свои животи.

И тогаш сосем случајно, го видов на ТВ, како зборува за себе и својата кариера. Аплаузи и тапкања по рамена. Посакав да му се јавам, да проверам како е..но, не го направив тоа.

И се сретнавме по многу години. На улица. Сосем случајно. Го погледнав во очите и го видов оној ист сјај во нив. Ми се насмевна. Беше тоа мојот мал Принц.. Истиот дечко кој се заљуби во мене на прв поглед.

Нашите души се препознаа во секунда. Го направи тој многу мал чекор и ме гушна. Така силно, коските ми крцкаа под притисокот на тоа гушкање. Ми рече дека секој ден мислел на мене. Посакувал да ме најде. Долго разговаравме за се’. Имав впечаток дека никогаш не сме биле одвоени. Како секогаш да бил тука до мене. Времето не не’ раздвои. Помеѓу нас не стојат години на тага и скриена осаменост..Се смеевме и се гушкавме долго.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: