Kога маските ќе паднат

Кога некој ќе ме измами еднаш, секогаш му давам и друга прилика. Не за да ја потврди мојата наивност, туку да ја потврди или оспори својата намера.

Многу одамна некој рече дека е подобро да се ослободи виновникот отколку да се осуди невиниот. А првиот пат..тој ретко кога ќе ја покаже својата вистинска природа.

Животот е вештина која се учи низ односот со луѓето. И што повеќе им верувам на луѓето, помалку ме мамат. Мојата доверба во нив не е само моја работа. И нивна е. Кога погледите ќе ни се сретнат, не ме гледаат мене, туку својот одраз во моите очи.

Е, тука при таа средба со себе, многу маски паднаа, оружјето е предадено а раката пуштена. Кога сам на себе ќе си укажеш на човек, измамата веќе се предала, немоќна пред силата на довербата.

Бранкица Дамјановиќ

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: