Дали и’ верувате на интуицијата?

На важните животни раскрсници најдобро ќе поминеме ако ја постигнеме и негуваме здравата рамнотежа помеѓу логиката, умот и интуицијата…еве како.

Интуицијата во психологијата се дефинира како телесно чувство кое многумина го доживуваат во стомакот. Кратко се јавува во свеста, во облик на блесок, а личноста не е во потполност свесна за сите рационални причини за негова појава. Тоа е процес кој ни дава способност нешто да осознаеме без вклучување на сите функции на свесност, како што е логика, аналитика, перцепција на петтте сетила итн, и го поврзува свесниот и несвесниот дел од нашата психа.

Пред стотина години, науката не знаела за постоење на несвесното, а денешните истражувања покажуваат дека само 20% од сивата маса на мозокот е вуклучено, т.е. посветено на свесните мисли, додека 80% е посветено на несвесни мисли.

Најубавата одлука која е донесена е соработката на рационалното и интуитивното. Тоа е научен доказ кој го подржува ставот на многу психотерапевски школи и правци дека е многу важно да се биде поврзан со мудроста која се наоѓа и е ускладена во несвесното, а токму интуицијата е важна поради тоа, бидејќи е еден од начините, кои ни овозможуваат пристап кон несвесните содржини.

Затоа најдобрите животни одлуки се донесуваат ако постигнеме и негуваме здрава рамнотежа помеѓу логиката, умот и инуицијата.

Ако е тоа така, како најлесно да се развие интуицијата? Еве неколку интересни предлози:

-Застанувајте ги монолозите на својот внатрешен критичар. Тоа е оној глас во вашата глава кој, при донесување на важни одлуки, зборува како е глупо да се верува на чувствата од стомакот или дека сте премногу глупи или наивни и никогаш нема да го постигнете ова или она. Внатрешниот критичар е внатрешен глас на некоја возрасна личност од вашиот живот, кој со постојани критики ја рони вашата самодоверба и интуитивност.

Затоа како возрасна личност, одговорна за својот живот, донесете одлука и што е најважно, придржувајте се до интуицијата за да го исклучите тој внатрешен непријател во својата свесност.

-Негувајте го времето во својот живот кога ќе бидете сами со своите мисли ( или за тоа време, изборете се меѓу бројните обврски кои ги имате или уверете се себе си дека го имате).

Многу е важно дека тоа време, да не е исполнето со телевизија, музика, социјални мрежи или било каква надворешна бука. Треба да бидете сами и во тишина, без надворешни пречки и да се занимавате со својот внатрешен мисловен процес.

Тоа подразбира насочување на она што во облик на слики се јавува, кога себе си си поставуваме прашања од типот: ‘Дали за мене е добро да дадам отказ на работа или да усвојам некое ново хоби?’ И слично. Важно е да се знае дека интуицијата зборува со јазикот на несвесното, а тоа се слики. Таа не зборува со зборови, а ако тоа го очекувате, многу ќе се разочарате.

Извор: Sensa

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: