Дали сте заглавни во емотивниот лавиринт?

За да можете полесно да се пробиете низ лавиринтот на односите со саканата личност, многу е важно да ги препознаете слепите улици. Тие се создаваат, од се’она што сме добивале од родителите ( грижа, храна, пари) или она што сме добивале покрај љубовта (попуштање, привлекување, внимание…).

Препознајте ги слепите улици во својот однос и изберете пат, кој ве води таму каде што сакате да стигнете.

Љубовта е едноставна. Сакаш и тоа е тоа. Многумина ќе се сложат со оваа изјава. Чувствување љубов- нема ништо комплицирано. Она што комплицира, се емотивните лавиринти, кои во блиските партнерски односи, од длабочината на потсвеста, неминовно излегуваат.

Некои од нас во себе носат повеќе, а некои помалку комплицирани загатки, во зависност од животните искуства, посебно оние од детството. Тие се создадени од кривини, ѕидови и пресврти кои сами не ги биравме. Затоа, како возрасни, треба да ги освестуваме и да бараме нови патишта кои не се изгазени, кои не одат секогаш во истите слепи улици, од кои секој лавиринт се состои.

Најчеста забуна е, дека љубовта е брижност. Многу мајки и татковци се грижат ручекот секогаш да биде на масата, детето да има доволно облека и обувки, да има осигурани материјални услови. Меѓутоа, грижата не е љубов. Таа може да извира од потребата за позитивна слика за себе, од улогата на жртва.

Димензијата на љубов и грижата, не е лесно да се разграничи, бидејќи родителите најчесто своето дете го сакаат ‘како знаат и умеат’ и му даваат она што можат, односно себе, какви што се. Но, кога зборуваме за партнерска љубов, грижа и љубов, многу е важно да се разликува.

Убаво е кога партнерот се грижи, тоа е важна димензија на односот, но, сама по себе, грижата не може да ја надомести љубовта. Односите во кои партнерите се грижат едни за други, а всушност не се сакаат, остануваат шупливи во средината, им недостасува она есенцијалното.

Храната е еден од најчестите замени за љубов. Кога мајката, наместо љубов дава храна или како често се вели, покажува љубов преку храна, тоа не е само храна. Тоа е најлесно видливо кај пореметувањето на прехраната.

Одбивањето на храната при анорексија е, во емотивна смисла, потполно одбивање на мајката, а потоа и создавање на контрола над неа, бидејќи мајката за детето ќе направи се’, само тоа нешто да касне.

Во булимија, детето силно сака блискост со мајката, но од неа добива нешто што е емотивно неподносливо, тогаш мора да ја ‘ исфрли од себе’. Кога станува збор за прејадување, емотивната порака гласи:’ ‘Ми требаш уште, уште, уште..’ што значи дека храната не може да ја пополни емотивната празнина која постои во односот со мајката.

Она што како деца сме го добивале наместо љубов има посебна емотивна вредност. Ако таткото бил често отсутен и многу работел, па својата отсутност се обидувал да ја надокнади со пари, тогаш посебна емотивна вредност ќе имаат парите. Детето учи, чувствува дека нешто друго, е по важно од него самиот, од она кој е тој.

Кога мајката се посветува на готвењето и постојано нуди богата трпеза, а детето не добива доволно внимание, уважување и разбирање, тоа верува дека за мајката, вредноста е врзана за храната. Ако таткото се посветува на заработкта и постојано е отсутен, а пари има во изобилство, детето му верува на таткото, дека парите се поважни од односот- дека вистинската вредност е во парите, за кои треба да се ‘трча’, затоа што тие се показател на љубовта.

Емотивните лавиринти стануваат уште покомплицирани, кога ќе се анализира, што родителот давал покрај љубов. На пример, ако мајката била ‘слаба’, па на детето најповеќе му попуштала или дозволувала, детето со неа манипулира, но кога тоа дете ќе порасне, посебна емотивна вредност ќе има партнетската послушност или подложност на манипулација.

Емотивниот лавиринт во кој партнерите се губат, барајќи и посакувајќи љубов се различни. А љубов како лајтмотив на односите е посебно важна, не само поради опстанок на односите или неговиот квалитет туку и поради запознавање на сопствените лавиринти.

Љубовта е нешто што од тинејџерски денови го бараме во различни партнерски односи и ја сфаќаме, како една врста ѕвезда водилка, бидејќи единствено преку блиската личност, со која сакаме да негуваме љубов, можеме да ги видиме ѕидовите и пукнатинките во сопствените лавиринти.

Кога за тоа читаме, размислуваме, разговараме со пријателите- се’ тоа може да биде корисно и интересно, но дури во вистинска партнерска блискост се разоткриваат слепите улици на емотивните лавиринти кои од минатото се пресликуваат во сегашноста и како привидна судбина, потешко ја обликуваат нашата судбина.

Со секое освестување на слепа улица, полесно го одбираме патот, кој води таму каде што сакаме да стигнеме.

извор: Sensa

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: