Не му дозволувајте никогаш на никој да ве уништи

Кога ќе ја изгубите волјата тоа е како да сте го изгубиле најголемиот и највредниот дел од својот живот, кога во неповрат сте фрлиле се’ она што сте посакувале да бидете, целото благо на различни визии и идеи кои со години сте создавале и собирале, како да сте кренале раце од својот живот и се предадовте.

Проблемот, кога ќе ја изгубите волјата е, како да сте подигнале ѕид помеѓу себе и светот и не чувствувајќи повеќе потреба да видите и дознаете што се случува позади тој ѕид. Мислите дека тогаш сте го пронашле својот мир, но изгубената волја долгорочно не носи мир, бидејќи во човечкото срце не престануваат да тлеат оние остатоци на желба и копнеж кои некогаш постоеле.

Секогаш се враќа она прашање:’ што би било, кога би било’ , секогаш останува потребата, зад себе да се остави некој траг, кој ќе му даде смисла на животот.

Проблемот не е кога ќе изгубите трпение, туку плаќањето на висока цена. Цената ја плаќаме во напнатост, немир, каење што не сме направиле поинаку, плаќаме цена со многу непосакувани чувства и присилни мисли од кои не можеме да побегнеме. Ја плаќаме цената во односи кои се нарушени или потполно скршени, плаќаме цена во изгубени прилики, кои никогаш повеќе нема да се вратат, колку и да сакаме.

Проблемот не е кога ќе го изгубите трпението, проблем е кога ќе ја изгубите волјата и затоа држете ја како суво злато. Нема поголема вредност и капитал на овој свет од вашата волја нешто да постигнете и да бидете.

Одалечете се од луѓе кои се обидуваат да ве скршат, со гушење на вашите соништа и желби, одете од оние кои ве потценуваат во вашите намери и идеи.

Волја е кога ќе сфатите дека вредите и вие и вашата цел, и тогаш ништо на светот не може да ве застане до неа да дојдете.

Не му дозволувајте никогаш на никој да ве уништи.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: