Имаш право на солзи

Имаш право да се бориш за себе и да веруваш дека ова низ кое моментално поминуваш, е ‘тешко време’, кое е со причина во твојот живот. Имаш право и да се откажеш, ако почувствуваш дека твојата сила е при крај и да одбереш друг пат, ако мислиш дека овој не е за тебе, но немаш право да се самосожалуваш, бидејќи тоа е стапица од која нема да се извлечеш, кал после која, во твојот живот повеќе нема да биди исто.

Имаш право, твоите одлуки да ги носиш од твоето срце, имаш право да избереш среќа, онаа која, ти мислиш дека за тебе е најдобра, а не онаа која другите ти ја сервираат. Имаш право, другите да те прифатат онаков каков што си, но ако не го направат тоа, не е твој проблем, туку нивен и немој поради нив, да ја упропастиш надежта која отсекогаш си ја имал, не ги руши своите соништата и не се дави во морето на депресијата.

Имаш право на промена, кога твојот живот се распаѓа и е во хаос, а не на префрлувања и осудувања од другите. А тоа што ја коментираат твојата моментална состојба, е одраз на нивата личност, луѓето кои не те познаваат, почитуваат и не те разбираат тебе и гледаат на работите, само како би направиле тие да се на твое место.

Имаш право, да го живееш денешниот ден како најдобра прилика, не очекувајќи дека во иднина ќе те стигне нешто бескрајно вредно. Ти се нуди само денешниот ден. Имаш право да бидеш човек со своите слабости, човек кој се бори со своите внатрешни демони, човек кој сфаќа дека може и мора подобро од она што моментално е и има.

Имаш право да го обликуваш животот по параметрите кои ти ги чувствуваш како свои, а не по оние кои другите ти ги наметнуваат, но немаш право да се закопаш додека си жив и да ги предадеш своите битки, во кои еден ден можеш да станеш победник, само ако малку бидеш трпелив.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: