Еднаш кога ќе ги запознаеш луѓето кои ти даваат крила, ќе сфатиш дека тоа е преубаво чувство. Прво, пријатно ќе те изненади фактот, дека тие луѓе и покрај сите твои недостатоци, не те отфрлаат.
И нема да ти биде јасно зошто тие луѓе секогаш ти се подршка во твоите надежи и стремежи, но знаеш дека тие секогаш инспирираат, го будат она најдоброто во тебе. Прават да бидеш подобар човек и покрај се’.
Колку пати во животот си запознал луѓе ‘ланци’ , луѓе кои те кочат, те застануваат на твојот пат кон напред, си запознал луѓе кои ти зборуваат дека твоите соништа се нереални и дека си сањар, во негативна конотација.
Колку пати си запознал луѓе кои те празнат? Имено, пред средбата со нив, си бил полн со позитивна енергија и живот, а потоа по средбата, тоа позитивното од тебе ќе испари и повеќе немаш сила за ништо, дури ни за себе.
Еднаш кога ќе запознаеш луѓе кои ти даваат крила, ќе сфатиш дека тоа е дар кој си го заслужил. Луѓе се тоа, кои за тебе секогаш имаат пофални зборови, без оглед што ти сметаш дека тоа не го заслужуваш, тие сепак во тебе гледаат нешто што ни сам не можеш да видиш.
Го будат твојот потенцијал, а ти ќе се обидеш да го зголемиш, од нив слушаш така искрени зборови на охрабрување, кои од никој друг не си чул и ќе ти го поправат расположението и самодовербата, како и твојата верба во светот околу себе.
Еднаш кога ќе ги запознаеш луѓето кои ти даваат крила, ќе сфатиш колку си благословен што си се нашол на патот на тие луѓе. Но, тие луѓе не го прават тоа само за тебе, туку и на сите други. Ќе сфатиш дека тоа се луѓе кои имаа тешко минато и кои не се наивно позитивни.
Ќе сфатиш дека тоа се луѓе кои низ твојот животот поминуваат само еднаш. А најмногу од се’ ќе сфатиш, дека ова е прилика која само еднаш во животот се дава и после која никогаш не си ист, е прилика да полеташ и да станеш оној најдобар ти.
Leave a Reply