Луѓето кои ти ја враќаат вербата во животот

Постојат луѓе кои тивко влегуваат во твојот живот, речиси неприметно и на прсти, а ќе ја направат најголемата промена во тебе. Тоа го можат, бидејќи влегуваат во твојот живот, како во некој свет храм, за да сфатиш дека се’ во тебе е важно и вредно, внимавајќи со нешто да не те повредат.

Тие немаат намера нешто од тебе да земат, да те искористат, туку само сакаат да те научат она што веќе знаеш, а длабоко е закопано во тебе. Постојат луѓе кои сите препреки во тебе, ги претвораат во можности и се прашуваш каде биле до сега. Луѓето покрај кои го имаш чувството на сигурност, без да кажат збор или да направат нешто.

Постојат луѓе кои во тебе со малку, предизвикуваат така прекрасни емоции, да посакаш, никогаш да не си одат од твојот живот. Луѓето кои не приговараат, не држат предавање каков треба да бидеш и што треба да правиш, туку со самиот поглед објаснуваат каде е твојот проблем и ти нудат решение.

Постојат луѓе кои само со еден потез, тежините кои ти ги направиле другите, ќе ги тргнат од твојот грб…сите оние часови кога се грижеше што ќе ти речат другите, како ќе те гледаат… носејќи те во својот свет.

Постојат луѓе кои ќе те научат дека си посебен, повеќе отколку што мислиш, со начинот на кои се однесуваат кон тебе. Се прашуваш често, што тие за тебе знаат а ти не знаеш, кога ти откриваат, колку длабока може да биде и твојата душа и колку голем може да биде и твојот потенцијал.

Посебно луѓе кои нема да направат ништо големо, а ќе се чувствуваш како да направиле најголемата работа на светот, бидејќи ќе те упатат на твојата вредност и ќе ја разбудат твојата вера во себе.

Ќе ги препознаеш, ако луѓето не ги гледаш само по надворешниот изглед и не ги оценуваш по материјалниот статус. Постојат луѓе со кои секој момент ќе го цениш, бидејќи тој е како некоја магија. Тоа се едноставно драгоцени луѓе, пратени да ти ја вратат верата во луѓето и надежта во другите луѓе и животот.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: