Понекогаш е многу лесно да се занесеме по нашите т.н.успеси. Цел живот ни проаѓа во трупање на успех, награди, барање на одобрување- во толкава мера што потполно го губиме од вид, она што навистина е важно.
Ако просечна личност ја запрашате: ‘Што е голем успех’? Обично ќе одговори: Да заработиш многу пари, да ја достигнеш одамна поставената цел, да победиш, напредуваш, да бидеш најдобар, да добиеш награда..Акцентот е речиси секогаш на надворешните аспекти на животот- работите кои се случуваат надвор од нас.
Најчесто во вакви достигнувања нема ништо лошо- тие се начин на постигнување на успех и потврдување. Но, тие не се најважни.
Целта треба да биде среќа и внатрешен мир. Убаво е да се види своја фотографија во весник, но тоа не е сигурно важно од како да научиш да се соочиш со неповолните околности. Кои се нашите приоритети? Ако вашата главна цел е да се биде смирен и љубезен, зошто не ги редефинирате вашите најважни успеси во смисла да подржуваат особини како љубезност и среќа?
Нашето најголемо достигнување е да се запознаеме самите себе: Дали сме добри кон себе и кон другите? Дали бурно реагираме на некој предизвик или сме смирени? Дали сме среќни? Дали сме бесни или сме ослободени од тоа чувство? Дали сте премногу тврдоглави? Простувате ли?
Овие и слични прашања не’ потсетуваат дека првото мерило на успехот не произлегува од она што работиме, туку кои сме и колку љубов имаме во себе. Наместо да се задоволувате само со надворешни успеси, обидете се да ставите акцент на она што навистина е важно.
Richard Carlson
Leave a Reply