Ќе го умори човекот, старата љубов

Ќе те измачат старите љубови. Не се опоравува човек од некои тешкотии, емоции и страдања, не се опоравува од љубов за која верувал дека му е последна и единствена, а се распаднала од ‘нешто’ што не зависи од нивната волја. Па, се прашува како е можно така вистински да верувал во ‘нешто’ што е срушено со еден гест, една одлука или само со одалечување, кое не може ни да се објасни на вистински начин, неразбирливо и на тој кој остава.

Се помалку даваш прилика на некој да ти се допадне, да те допре, да го почувствува твојот живот и да ги погали твоите чувства и како да бегаш од секој, кој може барем малку да ти се допадне, може да биде дури и пријатен допирот и чувството кое се јавува при тоа.

Се тргаш, не знаеш дали свесно или несвесно, очекувајќи повторно да бидеш повреден, дека себе си ќе се изненадиш повторно, со лаковерноста на своето срце и како да го меркаш секое движење на другиот. Го ‘фаќаш’ на ситници, убеден дема покажуваат можни недоразбирања.

Некогаш така лесно љубеше некој, спиеше со некој, изјавуваше љубов и бараше милион начини да ја изненадиш личноста која ја сакаш. А сега? Сега не ти е ни до љубов, чувствуваш дека ти треба, но знаеш дека не можеш да ја поднесеш, бидејќи е терет кој ти е наметнат, појак од желбата да сакаш и да му дадеш шанса на некој да ти отвори нова врата на љубовта.

Ќе го уморат човекот старите љубови, гушкањето на погрешните, бакнежи несразмерно поделени, грижа повеќе за другиот отколку за себе, грижа за иднината и децата, ќе те умори раскинувањето, а искинатите нерви уште повеќе ќе те отупат и подготвен си единствено себе си, малку да си дадеш шанса- да бидеш подобар и среќен, себе си да си угодиш -доста е за другите.

И тогаш не знаеш ни дали и кога ќе дојде онаа која ќе ја сакаш, ти делува дека не може да се случи уште една љубов како минатата и дека нема жена која ќе ја сакаш повеќе од предходната.

Но, знаеш, не си повеќе ист човек, ниту ќе бидеш во следната врска, разочаран си толку , што се потребни години да ги освежиш емоциите и да сфатиш дека сепак постои онаа на која единствено ќе и биде важно да те види среќен и спокоен и онаа која нема да прашува, каде беше цел живот, туку ќе каже- знаев дека ќе дојдеш, добродојде.

А ти ќе наседнеш на изливите на љубов, знаејќи дека тоа е единствен спас, бидејќи во неа единствено веруваш, но нема себе си да се осудуваш поради тоа. Ако треба да се страда, нека се страда поради љубов.

Милан

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: