Љубовта не дава ништо освен себе и ништо не зема освен себе

Кога љубовта ќе ве повика, тргнете по неа, иако нејзините патеки се тешки и стрмни. А, кога крилјата нејзини ќе ве гушнат, препуштете и се, иако мечот, сокриен мегу убавите пердуви, може да ве повреди. Кога ќе ви проговори, верувајте и, иако гласот нејзин може да ви ги уништи соништата, како што ветрот ќе ја опустоши градината. Ќе ве замеси, додека не станете меки.

Сето тоа ќе ви го направи љубовта, за да ја осознаете тајната на своето срце и својот живот. Ако во стравот го барате љубовниот мир и задоволство, подобро ви е тогаш да ја покриете голотијата своја и да појдете во гумното на љубовта, каде светот не познава годишно време, каде ќе се смеете.

Љубовта не дава ништо освен себе и ништо не зема освен себе. Љубовта не поседува, ниту дозволува да ја поседувате, само љубовта и е доволна на љубовта.

Кога љубите, не треба да кажете: “Бог ми е во срцето”, туку: “Јас сум во срцето Божјо”. И не мислете дека можете да ги насочувате патиштата на љубовта, бидејќи таа, ако ја направите вредна, ќе ви го покаже патот.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: