Кога животот престанува да биде борба?

Прифаќањето значи потполно и комплетно разбирање на природата на стварноста, преку себе, како некој што има бесконечна вредност. Помирувањето ‘со судбината’ доаѓа како последица од неразбирањето и површноста во која сте фатени, бидејќи умот не гледа друг начин освен со ‘терор’ врз себе да ја покрие стварноста, без вистински да се прифатат околностите.

Затоа е животот ‘трпи и мрчи’, што пак носи очај и огорченост. Кога ќе престанете да го силите животот, ќе ви стане јасно дека всушност вие бевте оние кои со својот отпор цело време го правевте животот тежок, без можност да се изрази.

Ако го нема вашето противење, ќе разберете дека животот со голема радост и љубов ви излегува во пресрет и едвај чека да престанете да давате отпор за да може да се изрази во својата целост и убавина низ вас.

Единствено вие сте тие кои ги поставувате препреките во тој проток. Така сфаќате дека сета енергија која до сега сте ја трошеле на отпор кон животот. можете да ја искористите за ускладување со неговиот природен тек и волја.

Наместо да бидете отпорник на животот, вие станувате проводник на тој ист живот! Животот со тоа престанува да биде борба и станува соработка.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: