Погрижи се да имаш цел, нешто кон што ќе се стремиш во животот. Никогаш не биди задоволен со тоа што се влечкаш низ животот како брод без едра, така што ќе може да те одвее секој ветар кој ќе наиде; зошто, без крајна цел, нема да стигнеш никаде.
Мораш да знаеш каде одиш и што правиш. Премногу души му се препуштаат на тоа провлекување низ животот без да постигнат на крајот ништо конструктивно. Најди го внатрешниот мир и извесноста и без стрес и напор следи го патот кој знаеш дека е твој.
Направи го тоа што мораш, зошто си го открил тоа во себе а не надвор. Секогаш знај во себе дека тоа што правиш е правилно; тогаш можеш да одиш право напред и да ги прескокнуваш сите пречки со вистинска сила и уверување.
Знај дека ЈАС СУМ твој компас, дека ЈАС СУМ твој водич и дека секогаш ќе те одведам до целта, без оглед на тоа е тежок твојот пат.
Ајлин Кеди -‘Отворање на внатрешнте порти’
Leave a Reply