Разделбите не се околности, кои можат да ве спречат да бидете среќни

Разделбите се неизбежни, како и средбите. На тоа секогаш треба да се потсетувате, дека се’ доаѓа и си оди, посебно луѓето.
Единствената разлика помеѓу секој од нив е периодот на нивниот престој- една недела, месец, година. Некои се и понатаму покрај вас и тоа е за почит.

Меѓутоа, се случува оние за кои најмногу сте врзани, од некои причини, се први кои го напуштаат вашиот живот. И понекогаш е нормално да си сам. Ова е апсолутно обична околност и не треба да се трудите со сите сили, да го присилувате некој да остане, да не си оди. Подобро да се отвори вратата, за оние кои треба да влезат.


Но, знаеме од свое лично искуство дека секое простување, значи болка. Таа не’ тера да размислуваме за сопствената вредност, како и за нашата вредност и значењето во нечии живот. Таа не’ тера да се запрашаме зошто така лесно човекот не’ остави, зошто не се сврти наназад и зошто никогаш не се врати.
Секако, тоа е болно и непријатно. Меѓутоа, не можете да им дозволите на некои луѓе да продолжат да бидат присутни во вашите животи ако повеќе не носат ништо позитивно и не дозволуваат да се развиете, туку ве потиснуваат уште подолу.


Морате да запомните дека разделбите и простувањето не се околности кои можат да во пречат да бидете среќни. Затоа што завршетокот, всушност е нов почеток.
Во универзимот, сите настани се случуваат со некоја причина. Можеби сега не ја знаете, но наскоро, таа ќе стане јасна и очигледна, а вам ќе ви биде полесно.


Погледнете на своето опкружување.Тие кои се навистина важни и понатаму се со вас. Можеби и дури и недоволно ги почитувате, бидејќи сте зафатени со трчањето по луѓето, кои никогаш немале намера долго да останат во вашиот живот.
Животот може многу да ви даде, вклучувајќи ги и ‘вашите’ луѓе кои ви ја даваат својата сила, своите чувства и себе, останувајќи покрај вас. Затоа доаѓа време, да ги отворите очите и срцето за да видите кој навистина се грижи за вас и не губете време на задржување на оние ликови кои немаат доволно време и внимание за вас.


Извор:http://www.transurfing-real.ru/2018/07/blog-post_89.html

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: