Слобода е кога едноставено си среќен, затоа што си тоа што си, тука, каде што си, во времето во кое си

Не почнува вистинскиот живот кога човекот ќе се ожени, или ќе се вработи, ќе добие деца, ќе заврши факултет. Не, вистинскиот живот почнува кога човекот ќе се ослободи од своите стравови и емоционално ќе созрее.

Не е само знаењето тоа што носи слобода, туку и емоциите. Емоционално урамнотежен живот е клучот за се’. Само емотивно слободен човек е слободен човек. Интелектуалецот може да биде заврзан во своите шеми и конструкции, да знае се’ за се, но како битие да биде блокиран, бидејќи не му ‘доаѓа’ од главата.

Но, не е се’ во главата, туку во цело тело. Емотивно блокирано битие, блокира се’ околу себе , поробува, додека слободното, ослободува. Лутината и потиснувањето, со годините се собираат во човекот, се одразуваат на говорот, мислите, начинот на живот, здравјето. Додека човекот тоа не го ослободи и во биолошка смисла, не само психичка, не може нормално да се движи и да мисли слободно и растеретено.

Емотивната блокираност раѓа животна блокираност која се одразува на сите аспекти на битието. Кога тоа ќе го ослободиш, стануваш нов човек, со поинаков поглед на свет и ќе сфатиш дека сите твои ситни омрази не биле плод на реалноста, туку резултат на несреќата во која си се нашол.

А кога ќе ги решиш сите свои проблеми, немаш потреба да се насладуваш со туѓи, туку гледаш како да им помогнеш…

Во годините на пубертетот почнав да се затворам во себе, станав многу крут, стегнат, несигурен. Толку имав стравови во мене, дури сега гледам, што водеше кон страшна потиснатост. Едноставно онемев!

Кога ја голташ болката постојано, таа ќе те преплави, чувствуваш лутина, бес, горчина, а не знаеш точно зошто. Не си во состојба нормално да живееш, ни да зборуваш, ни да се играш, ни да се дружиш, постојано си оптеретен со себе, бегаш од луѓето и трагаш по решенијата, секаде.

Гласот е преплашен, телото свиткано, мислите во грч. Телото се’ помни, ако е човекот преплашен, значи и телото е преплашено. Затоа служи смеата, играта, танцот, не банална забава, туку ослободување на телото, со тоа и психата. Не да се игра поради игра, туку заради ослободување на потиснатите емоции.

Вистинскиот живот почнува кога човек ќе продиши и проговори со својот внатрешен глас. Кога знае дека она во него, е посилно од се’ што е надвор од него. Се’ друго се надворешни успеси, општествени признанија, но ако човекот не се откочи, не се поврзе со себе, во себе, се’ што ќе направи во животот можат да бидат само бегство.

Да се пронајдеш себе си е најголема можна привилегија. Да ја пронајдеш својата страст и да го почувствуваш апсолутното постоење во се’. Додека одиш, разговараш, јадеш, водиш љубов, кога си начисто со себе, урамнотежен како личност, многу малку може да те ‘затресе’ нешто, бидејќи знаеш суштински дека тоа, многу малку има врска со тебе.

Тоа е идеал, но никако неостварлив. До тоа не се стигнува само по пат на мисли, кога човекот ќе си појасни себе си, за се’ што го опкружува и ги сфати законите, како светот функционира, туку со промена на начинот на живот кога ќе плови во радост и кога ќе се ослободи од се’ она што е потиснато во внатрешното битие.

Тоа е апсолутно можно, постојат илјада начини, само треба да се откријат и применат. Кога човекот ќе го разврзе, длабоко потиснатиот емотивен јазол во себе, онаа неподнослива болка која го јаде и го гони каде и да оди, тогаш почнува вистинскиот живот.

Така барем беше во мојот живот. Толку многу се насобра во мене што морав да се враќам во моите стравови одново и одново, но вредеше. Нема ништо поубаво, кога човек ќе се донесе себе си во таква ментална состојба, секогаш да може да ги прави луѓето среќни, било додека пишува или преку личен контакт, непосредно.

Животната енергија не се пренесува со приказни за енергијата, туку треба да се почувствува на дело, преку разговор, твоја појава. Едно е да се зборува нешто, а друго е да се живее.

Суштината е да се доведеш себе со во состојба на непрекината будност и покретливост, било физичка, било ментална. Каде никој, но навистина никој, не може да те улови во својата замка. Слобода е кога човекот е во состојба да пее со својот внатрешен глас, каде и да е, со кој и да е. Слободата е кога човекот е слободен. Слобода е кога едноставено си среќен, затоа што си тоа што си, тука, каде што си, во времето во кое си.

Стефан Симиќ

Извор:alternativainformacije.com

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: