Понекогаш не можам да ги одредам границите помеѓу себе и луѓето кои ги сакам: каде завршувам јас, а каде почнуваат тие. Како сите да сме едно, како сите да сме исти- иста душа, желба која бара нешто…заедничко за сите нас.
Сите сме ние во ист чамец. А сепак, сите сме различни и посебни, посебно индивидуални. Постои една ретка врста на луѓе кои ги нарекувам ‘мои луѓе’. Тоа се луѓе кои ги пуштам во мојот простор, во себе.
Сите мои луѓе во нешто се исти: Нивното истражување е творечко. Тие не рушат, туку само градат. Не сакаат да владеат, бидејќи кога владееш го губиш сјајот во очите…Моите луѓе имаат исто чувство за животот. Не е повеќе важно, како ќе ги наречеме нашите односи и кој облик ќе го имаат.
Формите на нашите односи можат да се менуваат, но тоа чувство на поврзаност. со нешто над нас, поголемо од нас, што не’ повикува и составува, останува.
Ние некако ‘налетуваме’ едни на други и нашите судбини се мешаат засекогаш, дури и ако не сме заедно. Како да сме некои бои кои лесно се мешаат меѓусебе, а многу потешко со некои други.
Leave a Reply