Денес е денот кога треба да одлучиме дали созреа времето, конечно да бидеме ослободни, од она што другите ни зборуваат што мораме да направиме и да почнеме да мислиме со своја глава.
Дали е време да направиме промена, иако е болна, бидејќи уште потешко е и помачно, да се остане во позиција, во која не припаѓаме, време да почнеме да гледаме на она што ни остана, а не само на она што сме изгубиле, време да се сетиме, на сите оние кои останаа покрај нас, тогаш кога никој друг тоа не го направи.
Денес е денот кога одлучуваме дали е време да бидеме во друштво на оние кои знаат колку вредиме, а на другите да им посакаме среќен пат, време да почнеме да гледаме добро во се’, бидејќи само тогаш доброто ни доаѓа во пресрет.
Денес одлучуваме дали е време да заборавиме на се она што не’ повреди, но никогаш да не заборавиме што тоа не’ научи, време да најдеме храброст да го живееме живот каков што сакаме, а не непрестано да се затвораме во своите глувчешки дупки.
Да престанеме очајнички да се обидуваме да бидеме сакани, туку само да се препуштиме на животот и на гласот на своето срце, и тогаш да гледаме како љубовта сама доаѓа. Да си дозволиме себе си, секој ден да ни е важен, а не само оној кој ние го одбираме, време да ги прифатиме промените, кои животот ни ги праќа и да престанеме грчевито да се држиме за луѓе и односи кои повеќе ги нема и чие време е минато.
Денес е денот да одлучиме дали е време да ги уништиме занесувањата, кои нашиот ум и емоции ги држеа секогаш во некои ланци, поради кои мислевме дека не заслужуваме подобар живот, дека не сме способни да ги оствариме своите соништа и дека светот околу нас е грозно место.
Секој ден е нов почеток во кој можеме да направиме промени, но веројатно е полесно ништо да не се направи и да се жали по животот. Денес е денот кога овие работи треба се случат во нашиот живот.
Leave a Reply