Најголемиот успех е да останеш смирен

Препуштете се на моментот. Тоа во исто време е многу едноставно, а толку малку луѓе се вo состојба, тоа да го направат. Кога му се препуштате на моментот, животот ќе ве одведе таму каде што е подобро. Нема секогаш вашите планови да ве однесат во најдоброто пристаниште.

Не го држете во грч минатото, за да имате чувство дека вашиот живот е убав. Единствено внатрешно чувство на сигурност, е да се пушти се’ она што ве ограничува и тогаш ќе видите каде навистина се наоѓате и што се’ можете.

Препуштете се на моментот, тоа е користење на животот, на најдобар можен начин. Тоа е претворање на сите моментални препреки во можност. Тоа е единствен начин да се чувствувате крајно исполнети.

Дури кога ќе се препуштите на моментот, не бегајќи од своите мисли во некое свое минато или недефинирана иднина, ќе видите колку имате прилики за славење на животот, славење и благодарност за милоста што сте живи, што дишете, мислите, чувствувате, сакате, работите и безброј други работи на кои не можете да се сетите.

Кога ќе му се препуштите на моментот, ќе сфатите дека е дојдено време за создавање на вредност, вредност на уживање во својата осаменост, во друштво со другите, дека можете нешто да допринесете и да оставите трага на овој свет.

Восхитувачки е, што можете да направите, кога ќе му се препуштите на моментот во кој престанувате да се грижите за можните негативни сценарија и во своето тело ќе престанете да трупате отров, од негативни мисли, кои пополека ве убиваат и кога ќе престанете да мислите за тоа.

Препуштете се на моментот и ќе станете се поблиски со себе и она што вистнски сте. Ќе сфатите дека животот трае додека сте живи, а не до моментот кога ќе одлучите да се откажете од целите и да се задоволите со она што до тогаш сте постигнале.

Кога се препуштате на моментот, секој нов ден ќе го гледате како дар, бидејќи ќе бидете свесни, дека на сето тоа ќе му дојде крајот и дека тој крај не зависи од вас, не можете да го предвидите и затоа ќе уживате во секој момент од тој ден.

Leave a Reply

Up ↑

%d