Да се живее во моментот, значи да се верува дека се’ е онака, како што треба да биде

Сите сакаме да бидеме среќни. Толку е едноставно. Но, секогаш чекаме нешто да не’ направи среќни: подобра работа, подобра љубов, повеќе пари, одмор, нова облека, ноќ во град.

Среќата е во моментот. Тоа е прифаќање на себе си какви што сме, токму сега, без оглед на потешкотиите со кои сме можеби соочени. Да се живее во моментот бара верба, верување дека се’ е онака како што треба да биде.

Се’ се случува со причина. Звучи како клише, посебно кога треба да се примени на некои трагични искуства, меѓутоа, живеењето со полни гради не’ предизвикува на раст. Ако не сме отворени за растење и промени, стануваме мрзливи и апатични, вртејќи се во круг на истиот досаден начин.

Порано знаев многу да се нервирам, што го правев својот директор се побогат и побогат, а мојата плата од година во година остануваше готово иста. Се уморив од нервирање, и морав да застанам и сериозно да размислам за својот потенцијал:- ‘Ако мислиш дека си толку паметна, искусна, талентирана и мотивирана, што чекаш? Искористи го тоа и вложи во себе. Започни своја работа и докажи колку вредиш’.

Да се излеземе од својата конфорна зона и да се движиме кон новите висини. Да се биде способен да се остане во моментот, дури и под притисок, стрес и несигурност, ја покажува разликата меѓу успехот и неуспехот. Без ризик нема профит. Вистина, ризикот е страшен, но дали пострашно е да немате она што сакате или да имате она што сакате?

Anne West

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: