Не се предавај, не се откажувај од она што сакаш

Едноставно, некогаш во животот мораш да ставиш точка и да започнеш своја приказна, да пишуваш поинаку. Нема смисла да трупаш во својот живот, се’ она што не сакаш и што не те исполнува.

Не гледај колкав е бројот на оние кои те разочарале, подобро прашај се, зошто на тие луѓе им веруваше, и покрај тоа што те повредиле неколку пати.

Не треба на секој да му се објаснува што правиш, бидејќи се’ што ќе кажеш, луѓето брзо ќе го искористат тоа, да ти наштетат. Немој да се жалиш дека животот е тежок, ако некои работи не си ги почнал од почеток, бидејќи тогаш си пробал, но на друг начин.

Можеби си тропал секогаш на погрешна врата, не гледајќи дека од спротивната страна се наоѓа отворена врата, на која те чекале. Не зборувај- ‘луѓето се вакви, луѓето се онакви’- луѓето кон тебе ќе бидат такви, какви ќе ги научиш да бидат. Ако ти, не дозволиш некое однесување, тогаш тие нема да се обидат.

Не се предавај, не се откажувај од она што сакаш, кога ќе дојдат првите проблеми. Малите работи на крајот, можат да направат голема разлика, прашај се само што треба да направиш. Секое искушение има причина а и време на траење.

Знај дека во моментите кога твојот разум, не може повеќе да најде причина да оди напред и да се бори, мораш да погледнеш што се случува со твоето срце, за што тоа гори, што е она што го движи напред.

Некогаш во животот мораш да ставиш точка и да ја започнеш својата приказна поинаку. Не затоа што твојата стара приказна е погрешна, туку затоа што си ја надраснал, што сфати дека можеш и заслужуваш подобро.

Мораш да го искусиш животот и од другата страна, не само да стоиш и да прашаш зошто другите луѓе подобро живеат, зошто тревата во нивниот двор е позрлена. Побарај ја убавината на животот во она што ти дава, друга прилика нема да имаш.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: