Погрешните пуштете ги да си одат! Бидете свесни за својата вредност

Човекот може да биде многу успешен и моќен, но ако има нездрави односи, тој нема да биде среќен. Ако сте во некој однос или врска, интимна или платонска, можеби ви треба малку помош, па затоа е добро да ви дадеме неколку совети да ги имате при рака.

1. Излечете ги старите рани со простување. Во секој момент од својот живот ние растеме или стагнираме- дури и вашето физичко здравје, е избор, не судбина. Уметноста на одржување на среќата во животот и односите, се темели на фино балансирање, на она за што се држиме и она што отпуштаме. Вистина, понекогаш луѓето на кои им веруваме ( влкучувајќи не’ и нас самите) ќе не’ повредат. Мораме да го напуштиме она што е зад нас, за да бидеме во состојба да го прифатиме она добро што не’ очекува.

2. Признајте кога ќе згрешите. Искрено срце е почеток на се’ што е добро во овој свет. Најчесните луѓе, не се оние кои никогаш не грешат, туку оние кои ќе признаат кога ќе погрешат, потоа даваат се’ од себе тоа да го исправат. Искреноста нема секогаш да ви донесе многу пријатели и обожаватели, но секогаш ќе ги задржи оние вистинските во вашиот живот.

3.Престанете да трачарите и почнете да комуницирате. Еве еден добар совет: Ако нешто не можете да му кажете на некој во лице, тоа не треба да го кажете зад грб. Животот е прекраток за да го трошиме на разговор за луѓето, оговарање, трачарење и разгорување на проблем кој нема никаква вредност. Ако не знаете, прашајте. Ако не се сложувате, кажете го тоа. Ако не ви се допаѓа, проговорете. Но, никогаш не ги осудувајте луѓето зад грб.

4.Дај им на другите простор да ги донесат сопствените одлуки. Никогаш не делувајте, не судете им на другите и не ги третирајте како да ги познавате подобро, отколку што се познаваат себе си. Тие живеат поинаков живот од вашиот. Нешто што е добро за една личност не мора да биде добро за друга. Нешто што е лошо за еден човек, може да го промени животот на другиот на подобро. Дозволете им на луѓето во својот живот да ги направат своите грешки и да донесат свои одлуки.

5.Работете ги работите кои ве прават среќни. Ако сакате да ја разбудите среќата во некој однос, почнете со живот кој ве прави среќни и така освежете го вашиот однос. Најголемата сила која ја имате во овој живот е силата на сопствената самотрансформација. Секоја позитивна промена која ја барате во односот, почнува со оној кој ќе го видите во огледалото.

6.На вашите сакани секојдневно, со мали работи, покажувајте им ја својата љубезност. Езоп еднаш рече: ‘Ниту еден чин на љубезност, колку и да е мал, никогаш не е безнадежен’. Ништо не е поблиску до вистината. Секогаш бидете љубезни отколку што е потребно. Никогаш не знаете низ што некој поминува.

7. Кажете помалку, кога помалку е повеќе. Потребна е одредена доза на храброст за да станете и прозборите, но потребно е дури и повеќе храброст за да го отворите својот ум и да слушате. Обрнете внимание и бидете добар слушач. Вашите уши нема никогаш да ве доведат во неприлика. Луѓето во вашиот живот често имаат потреба за внимателно уво, отколку за силен глас. И не слушајте со намера да одговорите; слушајте што е изговорено со намера за разбирање.

8.Нека вашата љубов биде појака од вашиот страв. Саканите никогаш не ги губите; ги губите со воздржување. Ниту еден однос не е возможен, освен ако не му дадете прилика. Љубовта значи да им дадете прилика на другите да ве повредат, верувајќи им дека тоа нема да го направат.

9.Прифати, не очекувај. Запомнете, луѓето никогаш не прават нешто што не е нивен карактер. Можеби можат да направат некои работи кои се надвор од вашите очекувања, но она што работат, открива она што се. Не им ги наметнувајте никогаш своите очекувања на другите, освен очекувањата да бидат токму она што се.

10. Погрешните пуштете ги да одат. Бидете свесни за својата вредност. Кога своето време му го давате на некој кој не ве почитува, вие предавате делче од своето срце, кое никогаш нема да го добиете назад. Сите пропаднати односи болат, но да изгубиш некој, кој не те почитува не е губиток, туку добивка.

Извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: