Голема е силата на човекот, кога може да премолчи и тогаш, кога е во право

Не се доживувајте себе си многу сериозно, престанете да гледате се’ лично, олабавете го малку својот живот и сфаќањето, околу некои работи и ќе видите дека на тој начин, полесно ќе се носите со повредите, предавствата, ударите кои ви ги задаваат другите.

По секој несериозен збор, намуртено лице, нечие вртење на глава на друга страна, не правете веднаш драма. Ќе ви стане јасно дека другите се окупирани со својот живот и дека тоа не мора да ве погаѓа.

Вие имате ваши соништа и одите по нив, своја приказна, поинаква од другите. Не се доживувајте себе си премногу сериозно, во животот нема премногу битки вредни за борба, повеќе се оние, од кои треба да се повлечете и да го задржите мирот.

Премногу ја потценуваме моќта на малите работи.

Научете да уживате во животот и повеќе да не се грижите за работите кои не се под ваша контрола, да не бидете опседнати со перфекционизам, начин на живот кои го живеат другите. Ќе имате многу работа во своето секојдневие, повеќе идеи, како да го обогатите своето време.

Кога ќе научите да мислите со своја глава, повеќе нема да се прашувате како изгледате во туѓите очи и што треба да направите, за да ги импресионирате другите. Размислувајте само за тоа, дека овој денешен ден , треба да го направите што можете подобар.

Во својата животна приказна, оставете место за други луѓе, оние кои беа со вас во тешките моменти, бидејќи тоа се луѓе кои се докажале во вашиот живот. Научете со почитување да се однесувате со секој, кој влегува во вашиот живот, бидејќи никогаш не знаете, кој е тука за еден ден,, а кој е тука за цел живот.

Не ја упропастувајте приликата и не ја губете личноста, која никој и ништо нема да може да ја замени. Кога ќе научите да верувате во себе, ќе сфатите дека вашата животна приказна, е во вашите раце и вие ќе го одредите нејзиното продолжение

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: