Според една легенда, на еден монах, ангелот му објаснил поради што на светот се случуваат трагедии, зло и несреќа и даде одговор на познатото прашање ‘ Зошто Бог тоа го допушта?’
Се верува дека се работи за вистинска приказна, а еве како тоа изгледало: ‘Еден монах се чувствувал многу немоќен, бидејќи не бил во состојба да ги разбере сите Божји одлуки- умирање на децата, крадење, болест, туѓи постапки…
Во неговата немоќ, му се јавил ангел, на кој му ја раскажал својата мака и го замолил да му објасни зошто на некои луѓе им се случуваат неубави работи, иако не заслужиле. За да му објасни подобро дека не треба секогаш, да се обидува да разбере, зошто Бог дава различни судбини на луѓето, тој го пратил на пат.
И така монахот тргнал. На патот тој сретнал друг монах. Се упатиле на истото место, но за да не зборуваат многу, тие се обврзале на заветот за молчење, се додека не стигнат на одредиштето.
По некое време, тие застанале покрај една богата куќа да побараат конак. Влегле, а ги пречекале домаќини, родители на мало дете. Меѓутоа, на запрепастување на монахот, овој другиот монах, неговиот сопатник, го заклал малото дете и заминале.
Бил запрепастен со неверојатната постапка на другиот монах, но поради заветот за молчење на кои се обврзаа, не рекол ништо. Следната ноќ, на конак ги прими сиромашно семејство, но беа пречекани како важни роднини- се’ што ставиле на масата, монасите изеле.
Во домот имале само една вредна работа- скапоцен сад. Вториот монах го украл садот во ноќта и го фрлил во реката. Повторно монахот бил разочаран, но поради заветот на молчење, сепак ништо не му рекол.
Го продолжиле патот и стигнале до рушевините на стара црква. Другиот монах, пронашол некои камења и почнал да фрла со нив кон црквата. На монахот повторно не му било јасно како еден монах се однесува, но почитувајќи го заветот, ги задржал мислите за себе.
Конечно, двата монаси стигнале до одредиштето. Заветот на молчење престана да важи и монахот почна да фрла дрво и камења на другиот монах: ‘Каков си ти монах?! Зошто тоа го направи, сите овие злодела? Уби мало дете! Украде од сиромасите единственото вредно што имаа! Гаѓаше по свето нешто!’
Во тој момент, наместо чудниот монах, се покажал ангел со кој монахот разговарал претходно и почнал да објаснува: ‘Тоа мало дете, кога ќе пораснеше, ќе ги убиеше своите родители, а нивните недолжни души, пред Божјиот суд ќе страдаа.
Сиромашното семејство имаше една вредна работа; но, беше украдена. Уништувајќи ја, тргнав дел од нивниот грев од нив.
И не, не фрлав камења по свето место- ги гаѓав ѓаволите кои над неа играа оро, радувајќи се дека е срушена. Можеби сега ти е појасно зошто не ја разбираш секоја Божја одлука и зошто не треба да ја преиспитуваш- на луѓето не им е дадено се’ да знаат и видат со Божјите очи’ – објасни ангелот.
Leave a Reply