Да ви раскажам една кратка приказна која ни ја кажа Sri Sri Ravi Shankar еднаш кога бевме во негово друштво. На прашањето како да се носиме со критиките, трачот и зборовите на лошите луѓе, тој одговори: – ‘Да се однесуваме како ѓубреџии’, а ние ги отворивме своите очи и уши, да слушнеме за што ќе зборува.
Кога ќе ве пофали некое мало дете, тогаш тоа не е многу важно и не го земате тоа при срце, но ако ве пофали познат критичар, тогаш е тоа ‘многу битна работа’. А вие сте сеуште, онакви исти какви што сте и пред некој да ве пофалил.
На ист начин, кога некој ве куди како немате појма да пеете, да свирите или танцувате, стилот на облекување и не ви е баш некој…се зависи кој ви го рекол тоа.
Ако тоа ви го каже мало дете или најдобар пријател, тогаш тоа и ‘не е многу меродавно’, но ако тоа го каже светски познат композитор, сликар или некој критичар, тогаш ситуацијата е грозна. А вие сте всушност исти онакви, какви што сте биле и пред критиката.
Она што другите пред вас ‘ќе фрлат’, тоа е нивно ѓубре, а вие најчесто се фаќате за ѓубрето. И не само тоа, туку го држите на срце и со години по него копате, како вистински ѓубреџија.
Фрлете ги тие туѓите ѓубрина и не обрнувајте внимание. Вашиот живот е поважен од купишта на туѓо ѓубре.
Извор: vastu-guru.com
Leave a Reply