Кога би можел повторно да го проживеам својот живот
Би се обидел да направам што повеќе грешки.
Не би инсистирал да бидам совршен, би бил по опуштен.
Би бил поглуп од она што бев,
Всушност, многу малку работи би ги земал за сериозно.
Помалку би бил чист, повеќе би рескирал.
Повеќе би патувал, повеќе би гледал зајдисонца,
Би се качувал на повеќе врвови, би препривал повеќе реки,
Би одел на повеќе места на кои не сум бил,
Би јадел повеќе сладолед, а помалку зеленчук,
Би имал повеќе вистински проблеми, а помалку измислени.
Јас бев еден од оние кои живееја борбено и
Промислено секој момент од својот живот.
Секако дека имав моменти на радост.
Но, кога би можел да се вратам назад,
Би се обидел секогаш да имам убави моменти,
Бидејќи само од тоа се состои животот, од моментот.
Кога би можел животот да го вратам назад, би се борел
Никогаш да не го изгубам 'сега'.
Јас бев еден од оние кои никаде не тргнале
без термометар, термофор,
Чадор и падобран.
Кога би можел повторно да живеам, би патувал помалку оптеретен.
Кога би можел повторно да живеам, би почнал да одам бос
Со почетокот на пролетта и би продолжил до касно во есен.
Би се возел повеќе пати со кочија, би дочекал многу утра.
Би играл со многу деца....
Да имам живот пред себе.
Но, веќе гледате, имам 85 години и знам дека умирам.
.
Like this:
Like Loading...
Поврзано
Leave a Reply