Ништо не е вредно ако не си среќен

Постои едно место во нас, кое не’ плаши и преку кое никогаш не се осудуваме да поминеме. Тоа место е онаа граница во нашиот ум, преку која никогаш не одиме, не затоа што не сме способни или немаме доволно знаење или можност, туку затоа што сме уверени дека повеќе од тоа не заслужуваме.

Уверени сме дека таа граница, е наш личен максимум и никогаш нема и не можеме да ја поминеме. А само е едно потребно- да се пречекори таа граница во својот ум.

Треба еднаш да научиме да се бориме за себе, доста се боревме за другите, треба еднаш и себе си да си кажеме колку вредиме и дека понекогаш заслужуваме повеќе од она што секојдневието ни нуди.

Треба еднаш да си речеме себе си колку сме единствени, бидејќи талентите во нас, не се тука да останат во онаа мера и домен, какви што сме ги затекнале. Предизвикот да бидеме подобри, создава во нас сила, да бидеме она што сакаме да бидеме. За да видиме колкаво е чувството на слобода, кога можеме да растеме и да се развиваме, да ги кршиме бариерите во себе и околу себе и да направиме промена која се чини невозможна.

Кога ќе сфатиме дека имаме право на самодоверба, почнуваме да сфаќаме дека имаме право и на среќа и добиваме живот кој го заслужуваме.

А само едно е потребно- да ги прекорачиме тие бариери во својот ум. Во арената на сопствените мисли да го победиме чувството на недостаток на лична вредност, недостаток на самодоверба, да ја надвладеме онаа сопствена тромост и да тргнеме напред.

Да се оди таму каде што срцето не’ води, значи да се оди таму каде што другите се плашат, каде не гледаат иднина. Најдобрите работи во животот бараат жртва, но кога ќе излеземе од својот зачаран круг и кога ќе сфатиме колкав е просторот на животот пред нас, ќе живееме и ќе чувствуваме.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: