Животот е премногу краток за да чуваме во срцето важни зборови, како на пример- Те сакам

За да ги слушнеме зборовите на Љубовта, мораме да и дозволиме да ни се приближи. Меѓутоа, кога ќе ни дојде, се плашиме од она што има да ни каже. Бидејќи Љубовта е слободна и не е водена со наша волја но со наши напори.

Сите љубовници тоа го знаат, но не се мират со тоа. Мислат дека можат да ја заведат со потчинување, моќ, убавина, богаство, солзи и насмевки.

Но, вистинската Љубов е онаа која заведува и никогаш не дозволува да ја заведат. Љубовта преобразува, љубовта лечи. Но, понекогаш поставува смртоносни замки и го уништува човекот, кој ќе одлучи во потполност да се предаде.

Како силата, која го движи светот и ги држи ѕвездите на своето место, може истовремено да биде така креативна и така разорна?

Ние сме навикнати да мислиме, дека даваме онолку колку што примаме. Но, оние кои сакаат, очекуваат за возврат саканите да не губат време. Љубовта е чин на вера, не размена.

Љубовта расте од спротивности. Благодарејќи на судирите, љубовта останува покрај нас. Животот е премногу краток за да чуваме во срцето важни зборови. Како на пример- Те сакам

Паоло Коељо

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: