Не заборавив…само издржав

Желбата за освета е недостаток на ‘работа на себе’. Заборави што треба да му направиш на човекот. Тоа остави и’ го на кармата. А ти фокусирај се на тоа, да станеш најдобра своја верзија.

Учи како да им простиш на луѓето, кои не бараат простување. Учи како да им овозможиш на своите негативни емоции или лутина, да те исполнат со нешто продуктивно, менувајќи ја таа негативна енергија, со нешто што ќе биде од корист. На пример, тренирај, измисли нешто креативно или пробај нешто ново, што може да ти го сврти вниманието.

Најдобрата освета е да не се грижиш за тоа што другите мислат, не дозволи нивните постапки да влијаат на тебе, да не се гледаш себе со нивни очи, не труди се да ги импресионираш, да не ги сметаш дека се над тебе, само затоа што имаат нешто, што ти немаш.

Работи на себе, бидејќи, се имаш само себе и никој нема да ти направи подобро, од ти самиот. Ти си свое сопствено ремек- дело. Иако сите не го почитуваат, никогаш не треба да престанеш да работиш на него и да го усовршуваш.
Најдобра освета е да се научи да се отпушти, не да се држи. Да се отпушти значи да го ослободиш од себе. Тоа ја покажува твојата верба во Бог и Универзумот.

Понекогаш имаме лошо мислење за себе, се држиме за нешто што може да ја саботира нашата среќа или за луѓе, кои не не’ почитуваат и не не’ сакаат вистински.

А кога ќе научиш да ја отпуштиш ситуацијата или луѓето кои ти го отежнуваат животот, тоа значи дека си го достигнал потребното ниво на љубов кон себе. Веруваш во своите способности дека можеш да почнеш се’ од почеток и да најдеш нешто подобро.

Учи да бидеш јак, храбар и да не се плашиш од непознато. Да знаеш како да се носиш со се’ што се случува во твојот живот. Најдобрата освета е да се сакаш себе си сега, дури не станеш човек каков што сакаш да бидеш. Да се сакаш себе неидеален. Да учиш на своите грешки. Да знаеш дека тие не те определуваат, токму како ни твоето минато.

Да го сакаш својот живот со сите тешки и радосни моменти.
Да сфатиш дека сите кои не можат да те сакаат, исто така ги доживуваат своите тешкотии. Да веруваш дека си таму каде што треба да бидеш, да се фокусираш на најдоброто што го имаш и да не се мразиш себе си, затоа што не живееш онака како што сакаш.
Најдобрата освета е да научиш да бидеш задоволен и среќен, дури и ако е се’ против тебе.


Извор: http://www.cluber.com.ua/lifestyle/mnenie/2017/12/kak-luchshe-vsego-otomstit-vsem-tem-kto-prichinyaet-tebe-bol

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: