Верувај, па ќе видиш

Дали одиш по она што го носиш длабоко во своето срце или живееш од момент до момент, од околности до околности, или од одлуките на другите луѓе?

Дали живееш по планот на некои други луѓе, како едно делче од нивниот животен механизам, кој за нив има смисла или постои план во тебе, кој го имаш за твојот живот?

Дури по некое време, човекот ќе сфати и да се сонува не е баш едноставно, а не пак да се остварува она од сонуваното. Не се сите луѓе подршка на твојот пат, некои се тука поради свои интереси. Не ги расипуваат твоите планови луѓето случајно, туку се подготвуваат тие за тоа, бидејќи не успеале да ги остварат своите, па не им даваат на другите да ги живеат своите соништа.

Толку енергија вложуваат во загорчување на туѓите животи, што би можеле со делот од таа енергија, нешто убаво да направат.

Но, никогаш не е доцна да ги отвориш очите, да земеш залет и да тргнеш во правец на своите соништа, да почнеш да пишуваш ново поглавје на својот живот, во кој другите нема да го држат моливот, туку ќе можат, само да гледаат од страна.

Ако мислиш дека ти недостасува сила да тргнеш на својот пат, сети се на луѓето кои на колена започнале, кои зад себе немале никој, луѓе кои со две кеси тргнале во нов живот и оставиле во историјата, она што не успеале ни најспособните, ни најуспешните.

Среќа е ако имаш некој на своја страна, некој кој ќе биде твојот ветер во грбот, па макар само по патот да ти се насмевне, да ти подаде рака за подршка или да ти каже некој убав збор.

Нема полесен или потежок пат до успехот, всушност, до успехот воопшто нема пат, мораш да ја исчистиш ‘дивината’ во себе и околу себе и да не се откажеш, по многу модрици и рани, бидејќи знаеш дека резултатите се собираат дури на крајот од денот а не на секоја потешкотија која те застанала.

Кога знаеш што сакаш, тогаш си веќе на половина пат, но и кога копнееш по тоа, мораш да се соочиш со силите во себе и да направиш она што ти се чини тешко. Кога тоа ќе го направиш ќе имаш свој пат, насмевка на лицето и убав поглед зад себе.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: