Не чувај ништо за посебни прилики

Треба еднаш да престанеме да трагаме по среќата, тоа е само одалечување од неа. Всушност не треба да се прашуваме како до среќа.

Едноставно треба да ја пронајдеме причината за исполнет живот. Во нас. Среќата е нашата внатрешана работа, која секогаш не е лесна. Не се надевајте дека таа доаѓа од надвор, оние блесави причини кои често се изнаоѓаат и се посочуваат како пат до среќата.

Најважно е да се престане грчевито да се биде опседнат со перфекционизам и замислување на некој идеален живот кој сакаме да го постигнеме. Ако не се спротиставиме на тие предизвици на современиот живот, трајно ќе се наоѓаме во некој процеп кој ќе не уништи.

Среќата не е некоја необјаслива и чудесна пустоловина, на која ќе тргнат и ќе ја најдат само некои посебни луѓе, таа е внатрешна стварност на секој од нас кој одлучил, да ‘работи’ на својот живот.

Токму затоа, среќата не е некое лешкарење и самоугодување туку пат кој е исполнет со различни барања кои треба да ги исполниме.

Да се оствари некоја смисла, да се знае дека нашиот живот има некоја причина, да направите нечии ден подобар.

Ништо повеќе и ништо помалку.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: