За љубов не се моли! Гордоста и достоинството не смее да се изгуби

Љубовта секогаш има граница, а тоа е достоинството. Тоа е почитување, кое го негуваш кон себе, кое има многу висока цена и никогаш нема да прифатиш љубов која не те исполнува, која те боли и те прави ранлив.

Меѓутоа, во меѓувреме, секогаш постои она ‘светлото на светецот’ кое природно блеска во мрачните ноќи, да ти покаже каде е границата, да те потсети дека е подобро да се помине долго време ‘да заборавиш’, отколку на крајот да се продаде нашето достоинство.

Понекогаш не постои друго решение, туку да заборавиме што чувствуваме, за да запомниме што вреди, бидејќи достоинството никогаш не смееме да го изгубиме. За љубов не се моли и гордоста и достоинството не смееме да го изгубиме по никоја цена.

Без оглед дали веруваме или не, достоинството е кршлива, деликатна линија која толку пати ја загрозуваме и многу пати несакано сме ја минале таа граница. Занемарена е најчесто, а со тоа нашите морални вредности стануваат слаби. Љубовта и достоинството се две струи во немирниот океан, во кој дури и најискусен морнар може да го изгуби патот.

Често се вели дека егото ја храни нашата гордост и духот на нашето достоинство. Во секој случај, овие две психолшки димензии се два секојдневни ‘станари’, на нашите емоционални односи и понекогаш на крајот ќе се збунат.

Достоинството не се продава, ниту се губи или се изневерува, бидејќи поразот во вистинскп време, секогаш ќе вреди повеќе од победа ако успееме да излеземе од таа битка во еден дел, со крената глава, со цело срце.

Мачеништво и резигнација не се вклопуваат во здрава и достојна љубов. Во емотивните односи, жртвите имаат граници кои треба да се означат. Ние не сме обврзани да одговориме на сите проблеми на нашите партнери, да им понудиме воздух секој пат кога дишат, ниту да ја исклучиме сопствената светлина, така да тој може да свети.

Запомнете каде е вистинската граница: во вашето достоинство. Љубовта се чувствува, допира и создава секој ден. Ако не забележиме ниту една од овие работи, таа нема да служи за никаква цел; нема да има потреба да седиме и чекаме да се случи некое чудо, кое нема смисла.

Претпоставката дека нашиот партнер повеќе не не’ сака, е важен чин на храброст, кој ќе не’ застане, да не влеземе во ситуации кои се така деликатни, речиси деструктивни.

Без оглед на тоа колку оваа идеја се брани во општеството, потребно е да се запамти дека секогаш е подобро да се даде некому љубов со широко отворени очи, осветлено срце и многу јако достоинство.

Дури тогаш ќе бидеме вистински креатори на тие достоинствени односи кои се вредни труд, со фокус на почитување и создавање на здрава ситуација, без игри на моќ или ирационални жртви. Достоинството е и засекогаш ќе биде признание, дека сме достојни за подобри работи. Секогаш ќе биде подобро да се има достоинствена осаменост, отколку живот со непотполни односи. Не дозволите да го изгубите достоинството поради било кој.

Извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: