Покажи се! Крени рака..

Сакам кога ќе видам искра во жив човек. И верувам дека си жив кога имаш моќ да оживуваш. Вештина е тоа која се вежба. Секојдневно.

Не е доволно само да дишеш, потребно е да светиш! Да те забележат. Не луѓето, туку сонцето, ѕвездите, животот.

Покажи се. Крени рака, јави се и кажи зошто си тука, што сакаш, кои се твоите стремежи.Додека ти тоа не го знаеш, никој не можеш да го увериш дека навистина си жив.

Бадијала си беспрекорен по човечките мерила. За живот е потребно многу повеќе. Оган во кој ќе изгориш се’, освен задачата која ја имаш во овој живот.

Бранкица Дамјановиќ

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: