Срцето ми е големо, мрази ме слободно!

Премногу сум зрела, за да играм игри. Нема да молам за твоето внимание. Нема да те уверувам, зошто треба да ме одбереш токму мене од сите други. Ако се двоумиш помеѓу мене и друга некоја опција, одбери ја другата.

Не сакам да бидам резервна замисла. Премногу сум зрела, за да чекам да ја сфатиш мојата вредност. Немам проблем пополека да ги прифатам работите.

Но, имам проблем кога се работи за комуникација, која се одвива само преку пораки, без било каква средба лице во лице. Имам проблем кога веќе со недели нашиот однос нема дефиниција. Имам проблем со сомнежот и неодлучноста.

Премногу сум зрела да играм игри. Ако се обидуваш да играш грубо и да кокетираш со мојата љубов, тогаш ќе претпоставам дека не си заинтетесиран и одам понатаму. Нема да молам за твоето внимание. Нема да те уверувам, зошто треба токму мене да ме одбереш помеѓу сите други.

Премногу сум зрела за да се преправам. Ако речеш нешто што ме збунува, нема ноќе да бидам будна и нема да ги повторувам зборовите, обидувајќи се да сфатам што мислиш. Ако непристојно се однесуваш кон мене, нема да молчам за да делувам мирно. Ќе поставувам прашања. Јас ќе разговарам. Ќе ги откријам своите чувства наместо да држам маска.

Нема да ги избришам своите чувства, за ти да се чувствуваш подобро. Тоа не е мој стил. Нема да губам време, во слушање на твоите приказни, ако не си подготвен да кажеш дека сум твоја. Нема да ја вложувам сета моја енергија во тебе, кога не си сигурен дали нашиот однос е оној вистинскиот и дали има иднина.

Нема да се согласам на се’ што си волен да дадеш, кога имам јасна визија, за она што сакам, а она што јас сакам има предност. Она што сакам, е некој кој не се плаши да остане верен.

Премногу сум зрела за да се чувствувам непријатно што сум сама. Повеќе не се залажувам себе си, за тоа како секоја година се зголемуваат шансите, дека ќе умрам сама. Повеќе не мислам дека би била среќна во врска. Добро ми е и сама. Ако дојде до однос кој има смисла, со задоволство ќе прифатам.

Но, се’ до тогаш- иако заглавив со луѓе, кои бараат работите да бидат опуштени и никогаш нема да кажат што всушност им значам- подобро да останам сама.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: