Кога ќе постигнеш се’ она што си посакувал, во борбата за себе и својот успех и светот ќе те направи крал на денот, само доближи се до огледалото, погледни се самиот себе.
Види што Тој човек има да каже. Тој не е твојот татко, мајка, жена, маж, пријател или партнер, пред кој можеш да ги полагаш своите испити. Единствена личност чие мислење најмногу значи во твојот живот, е оној кој те гледа од огледалото.
Многумина можат да те доживеат успешни, одлучни, прекрасни и фантастични, но човекот во огледалото ќе те нарече предавник, ако не можеш искрено и отворено да му погледнеш во очи.
Нему и само нему треба да му угодиш, другите не се важни, бидејќи само Тој ќе остане засекогаш и до самиот крај. И ќе го поминеш својот најтежок испит, ако Тој човек во огледалото ќе ти стане најдобар пријател.
На патот од својот живот, можеш да го излажеш целиот свет и на поминување луѓето ќе чукаат по рамена, но конечната цена ќе биде болка на срцето и солзи, ако си го предал, измамил и разочарал човекот во огледало.
Dale Wimbrow
Leave a Reply