Благодарен сум за навредите, кои ми покажаа дека животот не е некоја романтична бајка. За препреките на патот до целта, бидејќи преку нив сфатив, дека нема едноставни решенија и пократок пат до вредни остварувања.
Тие ми покажаа дека не е само вредна целта до која стигнав, туку каква личност станав, соочувајќи се со препреките кои ме направија појака, потрпелива и посилна личност.
И некои луѓето кои ми го покажаа своето друго лице, лажно, со маска, па, затоа научив да ја почувствувам присутноста на оние луѓе, кои не беа контра мене и кои секогаш зборуваа она што мислат.
Им благодарам на оние кои ми свртија грб, можеби поради тоа што не сум бил доволно значаен за нивното друштво или во моментот за ништо не сум им требал. Сите тие ме научија, да почнам да ја барам вредноста во себе.
И оние кои ме почитуваа и тогаш кога себе си не можев да се трпам, оние кои ме гушкаа тогаш кога бев повреден, оние кои ме слушаа и тогаш, кога ништо паметно немав да кажам.
Едно големо благодарам!
На оние кои ме вратија во подобра состојба, кога цел мој живот ми се сруши, оние кои имаа доверба во мене и моите способности и кога не мислев дека се нешто претерано битни во мојот живот.
Благодарам до сите луѓе, кои беа тука на минување, бидејќи ме научија да не се преценувам себе си, оние кои тука биле ради некои свои интереси, бидејќи ме научија, како за себе треба да се бориш и на оние кои ми подале рака кога требало, бидејќи поради нив одев напред во животот.
Сите тие имаа причина и ниту еден, тука случајно не се најде. Со ова чувство на благодарност е полесно да се прифати, било што што иднината може да сервира.
Leave a Reply