Моќта на вашите уверувања, да ве држат ‘во место’ и да ве спречат на промена и напредок- огромна е. Тие длабоко всадени идеи, делуваат како ланци, кои ве сопнуваат во остварувањето на вашата единствена судбина.
Вие имате способност да ги отпуштите тие ланци, можете да направите да ви служат, наместо да ви пречат. Можете да го промените она, за што досега сте мислеле дека е научно објаснување на вашите човечки ограничувања и особини.
Тука мислам на работите, како вашиот генетски код, вашата ДНК или на рано условување, кое ви е наметнато додека уште сте биле ембрион, доенче или мало дете.
Да, токму така како што прочитавте. Вашите уверувања, сите оние енергетски примероци без облик, кои сте ги прифатиле како слика на самиот себе, имаат способност на драматична промена и ви даваат моќ, со која ќе ги победите непосакуваните карактеристики или она што сметате дека за жал ви е судено.
Dr.Wayne Dyer
Leave a Reply