Не е важно кој ќе ти посака среќа, туку кој ќе те направи среќен

Не дозволете срцето да ви стане ‘мрзливо’, поради злото, со кое ве повредил некој, бидејќи никогаш нема да се опоравите. Во тие моменти е потребна умешноста на живеењето, а тоа е – вирусот на болеста да се отфрли пред да пушти корени. Не сметајте, дека тоа семе ќе исчезне само од себе, ниту ќе се реши со времето. Времето само ги влошува работите. Ако не се одлучите сами да се извлечете, ќе станете носители на вечната желба за скриена освета.

Не дозволувајте срцето да ви стане ‘мрзливо’ поради понижувањата или увредите кои другите ви ги нанеле. Имате право да се соочите со нив, кои зло ви направиле, кои штета ви нанеле и да чекате простување. Но, ако не го добиете, тоа повеќе не е на вас. На вас е само да се тргнете од луѓето кои се преслаби, за да барате простување и да го започнете својот живот далеку од нив. Тогаш барем ви е јасно на што сте, знаете од кои луѓе треба да си одите.

Не дозволувајте срцето да ви стане ‘мрзливо’ , бидејќи тоа не е нешто што можете да го контролирате. Не можете да пуштите дива ѕверка дома и да продолжите мирно да живеете, затоа што не можете повеќе да се вратите на своите убави секојдневни навики, бидејќи во секој момент ќе мислите на неа, ќе гледате каде се наоѓа и ќе се прашувате што следно може да ви направи.

Бидете свесни дека тој вирус, секогаш ќе биде она најлошо во вас, оној мрак кој не го посакувате. Ако сакате да се спротиставите на своето пропаѓање, расчистете ги прво работите во себе. Тоа не го правите поради некој или нешто, тоа го правите поради својот мир.

Не мора секој нов ден да го претворате во пекол, фокусирајќи се на повредите кои вчера сте ги доживеале. Престанете да се користите со изразот ‘не можам’ бидејќи кога ќе сфатите колку има разлика во последиците на тие два става, не постои невозможно.

Кога ќе научите да управувате со своите негативни емоции, сте научиле да управувате со својот живот. Никогаш не е доцна да се научи таа умешност.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: