Не знаеме што носи денешниот ден, а не пак утрешниот..

Современиот човек денес се соочува со еден, не баш многу лесен проблем. Станува збор за претерано размислување. Тој внатрешен глас кој постојано негодува и критизира, и врти исти зборови е извор на нашето страдање. Тој не’ труе не само нас одвнатре, туку и околината. При тоа нас и енергетски силно не’ ослабува и исцрпува.

Време е конечно за тоа да станеме длабоко свесни. Echart Tolle вели дека нашиот ум, може да биде корисен инструмент, но и разорна сила.

Денешниот човек, за жал, се поистоветува со своите мисли, не сфаќајќи дека неговата вистинска природа, не се крие во умот, туку во длабочината на неговото битие. Дури 80- 90% од нашите мисли потполно се непотребни, вели Tolle.

Размислувањето за нешто што било или што допрва ќе се случи, само го продлабочува чувството на незадоволство и не’ одалечува од вистинскиот живот, кој се одвива само СЕГА.

Tolle не’ учи дека не постојат минато ни иднина, бидејќи искуствено можеме да го доживееме- само сегашниот момент. Значи, стварен е само Сегашниот момент, а минатото и иднината се психолошко време. Еднаш кога ќе ја освестите оваа мисла, вашиот живот може засекогаш да се промени.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading