Оној кој се сака себе си, ја сака својата несовршеност, но ја сака и кај другите луѓе

По што ќе препознаете дека се сакате себе си? По подготвеноста да се менувате.

Личноста која се сака себе си, подготвена е да биде уште подобра. И нема да се критикува, туку ќе прифати дека не е совршена и дека тоа никогаш нема да биде.

Оној кој се сака себе си, ја сака својата несовршеност, но ја сака и кај другите луѓе. Личноста која се сака себе си, нема да си штети самата на себе за да им се допадне на другите, бидејќи нема потреба да биде она која не е, само за да биде прифатена. Таа се прифаќа самата себе.

Оној кој се сака себе си, со голема леснотија, ќе ви каже НЕ исто како ДА, ако процени дека со своето ДА, кога треба да каже НЕ, ќе се повреди самата себе.

Личноста која се сака себе си, нема да биде жртва. Таа знае дека жртва, не е облик на љубов. Љубов е облик на љубов. Оној кој зборува, дека жртвувањето е љубов, е тој кој се жртвува и го нагласува тоа.

А љубовта тоа не го прави. Љубовта не нагласува дека е љубов. Љубовта работи со љубов и не ја нарекува љубовта со одрекување.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: