Ако се плашите- не сте единствени.
Ако се чувствивате несакано- не сте единствени.
Ако сте во депресија не сте единствени.
Ако се чувствувате дискриминирано по било кој основ- не сте единствени.
Ако сте болни- не сте единствени.
Ако вашата самодоверба е мала- не сте единствени.
Ако мислите дека вашата неволја е поголема од другите луѓе- не сте единствени.
Ако сте биле излажани, предадени, повредени- не сте единствени.
Ако се чувствувате како статиста во сопствениот живот- не сте единствени.
Ако работите тоа што не сакате- не сте единствени.
Ако не разбирате зошто животот никогаш не е фер- не сте единствени.
Постојат уште милиони луѓе кои минуваат низ слични потешкотии, токму сега. Тоа не ги решава вашите проблеми, но фактот дека во тоа не сте единствени, можеби ќе ви олесни, ако сфатите дека со вас е се’ во ред.
Leave a Reply